Американскиот претседател Доналд Трамп избра правен тим од бранители со звучни имиња, долгогодишни експерти и адвокати, кои ќе го застапуваат во Сенатот на судењето за импичмент од вторник идната недела.
Трамп е обвинет за злоупотреба на претседателската власт и попречување на работата на Конгресот, а ваквите обвинувања се во врска со наводите дека вршел притисок врз Украина да покрене истрага против неговиот политички ривал Џо Бајден.
Во тимот на Трамп е вклучен Кенет Стар, обвинител кој го презентираше случајот за отповикување на поранешниот претседател Бил Клинтон. Во вторник треба да се појави и Алан Дершовиц, поранешен професор во Харвард, кој ќе дискутира за уставните аргументи во полза на Трамп, обвинет дека ја злоупотребил власта.
Главната улога во одбраната на претседателот ќе ја има Пат Чиполоне, правен советник во Белата куќа, и неговиот личен адвокат Џеј Секулоу, кој беше претставник на Трамп за време на истрагата за руската вмешаност во изборите предводена од специјалниот обвинител Робарт Малер.
Веднаш по синоќешната објава на правниот тим, Дершовиц во изјава за радиото „СириусИксЕМ“ кажа дека неговата улога во процесот е минимална и дека тој треба да се појави само на еден час за да ги прочита уставните аргументи.
„Не сум постојан член на тимот бранители“, изјави Дершовиц.
Тој е еден од оние правни експерти кои се искажаа против „преупоребата на импичментот“, и „би извел сличен случај и околу импчментот на претседателот Клинтон“.
Останати членови на тимот се Пам Бонди, поранешна државна обвинителка на Флорида, Џејн Раскин, која исто така учествуваше во правниот тим на претседателот во текот на истрагата за Русија, и Роберт Реј, дел од случајот „Вајтвотер“ и истрагата на Клинтонови.
Вториот дел од процесот за импичмент веќе започна. Сенаторите завчера се заколнаа пред Врховниот судија Џон Робертс, тие имаат улога на поротници во Сенатот кој се трансформира во Суд за отповикување на американскиот претседател.
Ако поротнците изгласаат за отповикување, Трамп треба да ја напушти Белата куќа поради направено злосторство.
Претседателот постојано укажува дека не направил ништо незаконско и се жали како бил третиран, и поради тоа понекогаш се дефокусира. Синоќа, во текот на прием на спортисти во неговиот кабинет тој искажа, благо речено, уличарски и непримерен коментар.
„Овалната соба видела добри претседетатели, и не толку добри. Но вие сега имате добар претседетал, иако тие се обидуваат да го отповикаат кучкиниот син. Ви се верува?“
кажа Трамп.
Нови откритија
Во меѓувреме се појавија нови откритија околу случајот со Украина и задржаната помош.
Од Канцеларијата на главната државна ревизија изјавија дека Белата куќа прекршила федерален закон со задржувањето на воената помош за Украина, земја која граничи со сила која е непријателска како кон Киев така и кон Вашингтон.
Трамп е обвинет за злоупотреба на претседателската власт и попречување на работата на Конгресот.
Две третини од стоте сенатори треба да гласаат за отповикување на претседателот, и ако тоа се случи Трамп ќе биде отстранет од функција и деградиран. Сепак, распоредот на силите во Сенатот е 53 наспроти 47 членови во полза на републиканците, за кои се предвидува дека нема да гласаат за отповикување на претседателот.
Демократите ги паузираа кампањите за претседателски кандидат
Четворица американски сенатори кои учествуваат во трката за номинација за претседателски кандидат од Демократската партија, ги паузираа своите кампањи за да дадат заклетва во Сенатот на првата седница денеска за отповикување на претседателот на САД Доналд Трамп.
Сенаторите Берни Сандерс од Вермонт, Елизабет Ворен од Масачусетс, Ејми Клобучер од Минесота пред два дена заминаа во Вашингтон, правејќи пауза во своите изборни кампањи.
Кори Букер, сенатор од сојузната држава Њу Џерси, дури ја напушти трката повикувајќи се на потребата да биде во Вашингтон за време на судењето на Трамп во Сенатот.