Голем дел од континентот се бори да ги вакцинира своите жители, паралелно со порастот на новозаразените, а најлошо е во централна и во источна Европа
Велика Британија забележа огромен пад на нови случаи со ковид-19, на приеми во болница и смртни случаи – но сликата во поголемиот дел од остатокот на Европа е многу поинаква.
Анализата на податоците од Универзитетот „Џонс Хопкинс“, покажува дека бројот на новоозаразени расте во три четвртини од европските земји, а најголемо зголемување има во централна и источна Европа.
Само девет од 40-те европски земји опфатени со анализата забележале помалку случаи во првата недела од март, во споредба со средината на февруари, со најголеми падови има во Португалија, Шпанија и Велика Британија.
Шпанија е единствената земја која има пониска стапка н новозаразени отколку на крајот на септември.

Повеќето земји кои забележале најголем пораст се во централна и источна Европа, каде пандемијата лани дојде многу подоцна отколку во западна Европа.
Зголемувањето на бројот на случаите предивикува голема загриженост, бидејќи пандемијата покажа дека тоа доведува до пораст на приеми во болница, до зголемување на притисокот врз здравствените системи и потоа голем процент на смртност.
Делови од Естонија останаа без болнички кревети оваа недела, Чешка и Словачка мораа да ги префрлуваат болните со ковиид во други европски земји, а летонските болници се подготвуваат за третиот бран.
Европа беше силно погодена кога пандемијата минатата година за прв пат се прошири на континентот, но овој пат е поинаку, бидејќи сега има неколку варијанти кои се исклучително заразни, додека една студија сугерира дека британската е и посмртносна.
Надежите се поврзуваат со дистрибуцијата на вакцини, но таа се случува со различна брзина низ цела Европа, а Велика Британија е една од оние кои најбрзо дојдоа до вакцини, додека земјите од ЕУ заостануваат.
Како што продолжува пандемијата, останува важно да се земат предвид новит случаи, смртните случаи, приемите во болница, стапките на позитивност – бројот на лица кои се позитивни од тестираните – и стапките на вакцинација.
Кој е број еден на црната листа?
Чешка е во најлоша состојба во Европа, но на неколку други не им оди многу подобро. Тука спаѓаат и Словачка, Полска, Естонија, Бугарија, Унгарија и Латвија.

Следната група земји добро се снаоѓа, но некои од нивните индикатори не се најдобри: Италија, Франција, Шведска, Словенија, Шпанија, Луксембург, Холандија, Белгија и Литванија.
Велика Британија е една од земјите која има најдобар напредок во Европа, заедно со неколку други, како Австрија, Кипар, Португалија, Финска, Ирска, Норвешка, Данска и Исланд.
Иако во Велика Британија се вакцинирани повеќе од една третина од популацијата со првата доза, фактот што се зголемуваат случаите во Европа предизвикува загриженост. Некои епидемиолози дури предлагаат затворање на границите, поради можен увоз на нови варијанти.