Во Обвинителството за гонење организиран криминал дојде и адвокатот на обвинетиот Сашо Мијалков, Петар Василев.
Адвокатот не сакаше да даде никаква изјава за медиумите и игнорирајќи ги новинарските прашања влезе од задниот влез на Обвинителството.
Сашо Мијалков, два дена беше недостапен за да му се врачи решението за домашен притвор за случајот „Таргет-Тврдина“, кој е пред пресуда.