Констатирањето на оставката на Чаловска Димовска беше единствената работа што денеска успеа да ја сработи собранискиот пленум, пред да се „преброи“ и да заклучи дека повторно нема кворум за одлучување
На 25 јануари Собранието го избра конечно новиот состав на Комисијата за заштита од дискриминација, по повеќемесечен вакуум, а денеска веќе ја констатираше првата оставка во ова тело, формирано согласно со новиот закон за оваа област.
Неда Чаловска Димовска, за која се посочува дека е дипломиран правник од Скопје, поднела оставка до парламентот, образложувајќи го овој потег ја со лични причини.
Таа е една од седумте членови на Комисијата кои беа избрани пред неполн месец и нејзиниот мандат беше 5 години, наспроти тројца членови кои се избираат со мандат од три години.
Во седумчлената комисија, на 25.минатиот месец, беше избрана уште една жена – Весна Бендевска, поранешна пратеничка на СДСМ од Битола.
На конкурсот за избор на членови на Комисијата беа пријавени 44 кандидати.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека при изборот на кандидатите за членови на Комисијата повторно доминирале политички и партиски критериуми.
Инаку, констатирањето на оставката на Чаловска Димовска беше единствената работа што денеска успеа да ја сработи собранискиот пленум, пред да се „преброи“ и да заклучи дека повторно нема кворум за одлучување.
Денешната седница почна со околу два часа задоцнување и набрзо беше прекината поради недоволен број присутни пратеници во салата.Претходно бепе поништено гласањето за измените на Законот за прекршоци, по скратена постапка, затоа што немаше кворум.
На почетокот на седницата, беше констатирана оставката на членката Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.