Коосновачот на американската компанија „Мајкрософт“, Бил Гејтс денеска се вакцинираше против ковид-19.
Тој на Твитер објави фотографија од моментот на вакцинација со коментар:
„Една од предностите кога имате над 65 години е што ги исполнувате условите да се вакцинирате против ковид-19. Се чувствувам одлично. Им благодарам на сите научници, учесници во испитувањата за вакцина, регулаторните тела и здравствените работници кои нè доведоа до овде“.
One of the benefits of being 65 is that I’m eligible for the COVID-19 vaccine. I got my first dose this week, and I feel great. Thank you to all of the scientists, trial participants, regulators, and frontline healthcare workers who got us to this point. pic.twitter.com/67SIfrG1Yd
— Bill Gates (@BillGates) January 22, 2021
Токму името на Бил Гејтс можеше често да се слушне во разните теории на заговор кои се ширеа по појавата на коронавирусот.
Тоа не го заобиколи ниту регионот за што доказ е и неодамнешното истражување од Атланскиот совет од Вашингтон и Советодавната група за јавна политика „Балкан во Европа“ чии резултати упатуваат на тоа дека Западен Балкан е плодна почва за сеење теории на заговор. Истражувањето покажа дека 80% од населението на Западен Балкан верува во теории на заговор кога станува збор за коронавирусот, а најголемиот број „жртви“ на такви теории кои кружат на интернет се во Албанија. Помеѓу разните теории е и таа дека Бил Гејст го користи вирусот за да спроведе вакцинација со чипови за да ги следи луѓето во која, според резултатите од истражувањето, веруваат 35% од испитаниците на Западен Балкан.