Албанските граѓаните кои ќе се вакцинираат против ковид-19 ќе добијат документ за патување што ќе се издава преку владиниот сајт е-Албанија. Овој документ ќе биде еден вид на ковид-пасош и ќе им служи на граѓаните за полесно патување во странство.
„Планиравме и подготвени сме преку е-Албанија да го добиеме форматот за вакцинација. Така, секој кој ја примил првата доза од вакцината ќе добие т.н. пасош за патување во странство преку код скениран преку е-Албанија“,
информираше министерка за здравство, Огерта Манастирлиу, пренесе МИА.
Во Албанија доцни испораката на вакцините од компанијата Фајзер, а како што рече Манастирлиу тие договориле 10 илјади дози од оваа вакцина, а требало да им стигнат на средината на месец јануари.
Инаку, во последното деноноќие од направените 3 314 теста во Албанија, позитивен резултат е добиен кај 739 што е околу 23 отсто од тестираните.
Во списокот на оздравени се внесени 469, починале седум лица, сите во болнички услови, додека во четирите ковид-болници се хоспитализирани 274 пациенти.