„Фајзер/Бионтек“, Модерна, „АстраЗенека“, „Џонсон и Џонсон“, „Синофарм“ и „Спутник Ви“ се, или на база на РНК или на ослабен вирус
Научниците ширум светот развиваат многу потенцијални вакцини за ковид-19. Сите овие вакцини се дизајнирани да го оспособат имунолошкиот систем на организмот безбедно да го препознава и да блокира вирусот што предизвикува ковид-19.
Во моментов во светот се користат неколку различни видови вакцини за ковид-19, некои ги поминаа сите нивоа на тестирање, некои се уште се во последната, трета, фаза. Но, поради итноста, шест од нив веќе се користат.
Протеин или „мрзлив“ вирус
Грубата поделба на овие вакцини е во две групи:
–на база на РНК (рибонуклеинска киселина), кои користат безопасни фрагменти од протеини или протеински лушпи кои го имитираат вирусот COVID-19 за безбедно генерирање на имунолошки одговор;
– на база на деактивирани или ослабени вируси, кои користат форма на вирус кој не предизвикува заболување, но сепак генерира имунолошки одговор.
Во групата на вакцини кои користат генетски дизјанирана РНК или ДНК се оние на „Фајзер/Бионтек“ и Модерна.
Кај овие вакцини, РНК им наложува на нашите клетки да произведат САРС ков-2 Ес – протеин за да предизвикаат имунолошки одговор. Ес- протеините играат клучна улога во продирање во клетките – домаќин и започнување на инфекција.
Во другата група спаѓаат вакцините на „АстраЗенека“ и Универзитетот во Оксфорд, вакцината на „Џонсон и Џонсон“, кинеската вакцина „Синофарм“ и руската „Спутник Ви“.
Кај оксфордската вакцина, „Џонсон и Џонсон“ и „Спутник Ви“ се користи вирусен вектор, безопасен вирус, кој е направен за да содржи ген за САРС ков- 2 Ес- протеин.
Вакцината „Синофарм“, пак содржи деактивиран вирус САРС ков- 2 кој преку хемиски процес се прави инертен, но ја зачувува структурата на вирусот за да може да поттикне борба на организмот.
Модерна
Оваа вакцина ги поминала сите три фаза на тестрање, со ефикасност од 95%, за што се потребни две дози кои се примаат во временски рок од 28 дена. Таа досега е одобрена во ЕУ, САД, Канада, Велика Британија, Швајцарија, Израел.
Условите за нејзино чување се: 30 дена во фрижидер, а 6 месеци на -20 степени целзиусови.
„Фајзер/Бионтек“
Вакцината која е резултат на американско-германско парнерство ги помина сите три фази тестирање со ефикасност од 95 отсто, за што исто така е потребно да се примат две дози на растојание од 21 ден. Одобрена е во ЕУ, САД, Канада, Велика Британија, Швајцарија, Бахреин, Саудиска Арабија, Аргентина, Чиле, Коста Рика, Еквадор, Јордан, Кувајт, Мексико, Панама и Сингапур.
Услови за чување: 5 дена во фрижидер, а се замрзнува на -70 степени целзиусови.
„АстраЗенека“- Оксфорд
Оваа вакцина уште наречена „КовиШилд“ ги минала сите три фаза на тестирање со ефикасност од 62% и се примаат две дози на растојание од 4 недели. Одобрена е во Велика Брiтанија, Аrгентина, Индија и Mексико.
Се чува во фрижидер на температура од 2 до 8 степени целзиусови.
„Џонсон и Џонсон“
Оваа вакцина помина две фази од тестирањето и нејзината ефикасност засега не е објавена. Во мементов се тестира каков е одговорот доколку се прими една или две дози.
Се чува замрзната 2 години на температура од -20, додека 3 месеци во фрижидер на температура од 2 до 8 степени.
„Синофарм“
Вакцината на кинеската фирма „Синофарм“ е во третата фаза на тестирање, а нејзината ефикасностт се тврди дека е 79,34%. Потребни се две доси на растојание од 3 недели. Досега е одобрена во Кина, Обединетите арапски емирати, Бахреин, Египет и Јордан.
Се чува во фрижидер на температура од 2 до 8 степени.
„Спутник Ви“
Оваа руска вакцина е во третата фаза на тестирање со ефикасност од 91,4%. Потребни се две дози на растојание од 3 недели.
Одобрена е во Русија, Белорусија, Аргентина, Алжир, Боливија, Палестина и Србија, а од денеска и во Унгарија.
Се чува замрзната на температура од -20 степени.