Неограниченото работно време ќе се врати само за угостителските објекти на бензинските пумпи и во хотелите
Од следната недела можно е продолжување до 23 часот
Угостителските објекти од четврток ќе работат до 21 часот. Владата на денепната седница ја прифати препоираката на Комисијата за заразни болести досегашното работно време до 18 часот, да се продолѓи до 21 часот.
Неограниченото работно време ќе се врати само угостителските објекти на бензинските пумпи и во хотелите.
Министерствата за здравство и економија се под засилен притисок од коморите на угостителите да го продолжат работното време до 23 часот.
Но, се чекаат анализите од лабораторијата во МАНУ дали има некоја мутација на коронавирусот, по што до крајот на неделава или почетокот на следната, може да се донесе одлука за натамошно продолжување на работното време до 23 часот.