Се работи за 24 тенисери и тенисерки кои треба да играат на „Австралија опен“ на 8 февруари
Засега ниту еден од нив не е заразен, но има еден член на екипажот и еден патник во чартерот
Вкупно 24 тенисери и тенисерки, зааедно со нивниот придружен персонал, кои со чартер-лет од Лос Анџелес пристигнаа во Мелбурн за да учествуваат на претстојниот „Австралија Опен“ ќе останат во двонеделен карантин, откако се откриени двајца заразени со коронавирус меѓу патниците.
Во авионот имало 79 лица, од кои 67 биле патници – 24 се играчи кои треба да играат на „Австралија опен“. Засега ниту еден од нив не е заразен, но има еден член на екипажот и еден патник. Тие имале негативен тест 72 часа пред да се качат во авионот и сега се во специјален медицински хотел. Сите други патници се префрлени во хотел и нема да можат да ги напуштат своите соби 14 дена. Тие исто така нема да можат ниту да тренираат.
Првиот годинашен грен-слем треба да започне на 8 февруари, а околу 1 200 тенисерки, тенисерки, тренери и членови стручните екипи треба да пристигнат во Мелбурн со 15 чартер – летови.