Полицијата во Подгорица ја приведе А.Ѓ. (26) под сомнение дека сторила кривично дело – предизвикување паника и немири, соопшти црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според црногорските власти, како главен уредник на порталот за ФОС медиа и автор на текст објавен на порталот во неделата со наслов „ФОС открива: Членови на РОСУ на располагање во Црна Гора за Божиќ“, предизвикала паника во јавноста со презентирање лажни вести преку медиум.
Во написот се вели дека „околу 250 припадници на единицата РОСУ – Специјална косовска единица, ќе бидат достапни на црногорските безбедносни органи за собир во Подгорица закажан за денеска“ на Бадник.
„Треба да се напомене дека се во тој текст беше апсолутна лага и обид за ширење дезинформации, насочени кон ширење паника и немири, а поголеми последици беа спречени со реакцијата на надлежните државни органи“,
пишува во соопштението на црногорското МВР.