Две третини од убиените се во земји во кои нема војна, се вели во годишниот извештај за слободата на медиумите
Педесет новинари се убиени оваа година во светот, извршувајќи ги своите работни задачи, објави организацијата Репортери без граници.
Во извештајот кој е рекапитулар за слободата на медиумите за 2020 година, се наведува дека повеќето од нив (84%) се убиени затоа што работеле на теми како корупција или организиран криминал. Неколкумина загинале при известување од демонстрации.
Седум од десет новинари се убиени во земји кои не се во војна. Најопасни земји за професионалните медиуми се Мексико, Ирак, Авганистан, Индија и Пакистан.
Репортери без граници забележуваат дека стотици новинари починале од ковид-19, но не е јасно колку од нив се заразиле како резултат на извршување на професионалните задачи.

Според Репортери без граници, лани во светот беа убиени 53 новинари, а изминатата деценија 937.
