Велика Британија денеска објави рекордни 41 385 заразени со коронавирус во еден ден, додека болниците ги откажуваат сите интервенции кои не се итни и се обидуваат да најдат простор за ковид- пациентите.
Од почетокот на пандемијата до денес, Велика Британија досега не пријавил повеќе од 40 000 новвозразени во еден ден, иако бројот на тестови сега е неспоредливо поголем отколку во првите месеци од епидемијата.
Брзото ширење на инфекцијата продолжува во Велика Британија и покрај воведувањето на нови ограничувања, поради мутацијата на коронавирусот кој се шири низ Лондон и југот на Англија и се пренесува многу побрзо од досега познатиот.
Бројот на приеми во болниците на југоистокот од Англија е близу до нивото од најтешкиот период во првиот бран од епидемијата.
Според официјалните податоци, на 22 декември имало 21 286 заразени во болниците низ целата земја, додека на 12 април, кога бил забележан најголемиот број, имало 21 683 хоспитализации.
Лекарите наведуваат дека зголемениот број на пациенти во болниците е крајно загрижувачки и предупредуваат дека здравствениот систем повторно станува крајно преоптоварен.
Велика Британија објави денеска и 357 смртни случаи кко последица на коронавирусот.
Повеќе од 71 000 луѓе починаа од коронавирус во Велика Британија досега, со што само Италија има повеќе смртни случаи во Европа. Во светот пак, пред Британија се само САД, Бразил, Индија и Мексико. Досега во Велика Британија се заразија 2,3 милиони луѓе.
Првата од двете дози на вакцината од „Фајзер/Бионтек“, одобрена за употреба во Велика Британија на 2 декември, ја примија повеќе од 600 000 Британци.
Доколку вакцината од „Астразенека“ и Универзитетот во Оксфорд биде одобрена оваа недела, како што се очекуваше, граѓаните ќе може да ја примат од 4 јануари.
Лондон нарача 100 милиони дози од таа вакцина и 40 милиони дози од вакцината на „Фајзер/Бионтек“.
Се верува дека вакцината Астраженета може да направи пресврт во глобалните напори за имунизација на населението, бидејќи е поевтина од Pfizer и не мора да се чува на многу ниска температура, што ја олеснува нејзината дистрибуција.
