Најголем број од коментарите на Твитер се за контроверзниот закон за емиграција од 2018 година, што доведе до одвојување на децата- емигранти од нивните родители, поради што стотици од нив сè уште престојуваат во „кафези“
Иванка Трамп, како и повеќето политичари, преку социјалните мрежи на сите им посака среќен Божиќ. Но нејзиниот пост особено предивика реакции на Твитер.
Иванка која откако се омажи за Џеред Кушнер премина во јудаизам, сепак им посака среќен Божиќ на сите свои следачи. Заедно со пораката, таа објави и фотографија на која е таа со сопругот, нивните три деца, и нејзиниот татко, Доналд Трамп.

Фотографијата е направена пред елката во Белата куќ и на неа сите се насмеани. Сепак, ова беше причина за да се испровоцираат некои од следачите, кои според коментарите, не можат да го слават Божиќ на сличен начин, токму заради мерките и политиките донесени од Доналд Трамп.
Најголем број од коментарите на Твитер се за контроверзниот закон за емиграција од 2018 година, што доведе до одвојување на децата- емигранти од нивните родители, поради што стотици од нив сè уште престојуваат во „кафези“.
„Мора да ви е убаво што вашите деца не се во кафези“,
напиша еден корисник на Твитер.

