Покрај забавата во викендичка во скопско Волково, полицијата вчера растурила и семејна веселба во кумановското село Лопате.
25-годишно момче било организатор, а на забавата, според МВР, пукал и со оружје за што биле пронајдени и чаури.
Полицијата упаднала на забавата по претходна координација со јавен обвинител, а најавува дека против 25-годишникот ќе поднесе кривична пријава за делата непостапување според здравствените прописи за време на епидемија и за предизвикување општа опасност.
*Поврзани вести:
МВР растури забава со 29 лица во викендичка во Волково, сите се приведени
Секој кој нема да ги почитува мерките за Нова година ќе добие кривична, порача Спасовски
