Седум пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) ќе добијат награда од 500 евра за пронаоѓањето и отстранувањето на над 7 000 парчиња или 52 тона гранати во Битола. Одлуката за парична награда денеска ја донесе Владата.
Гранатите беа пронајдени кај стадионот „Под Тумбе кафе“ во Битола на 27 октомври. Се работеше и под земјениот пат кој минува зад стадионот поради што и патот беше затворен.
Уништувањето на гранатите ќе се почне овој месец на полигонот Криволак.
Поради обемноста на активностите за транспорт и уништување, ДСЗ изминатиот период информираше дека барале помош од Армијата, а ги информирале и меѓународните претставници од ОБСЕ, НАТО и ЕУ.