Кон крајот на оваа недела треба да почне изградбата на монтажна болница во Гевгелија за лекување пациенти со ковид-19, информираат од Министерството за здравство.
Оттаму велат дека теренот е подготвен, односно е завршено бетонирањето, а поставена е и инфраструктурата – довод, одвод до канализациска мрежа и кабел за струја.
Ковид-центарот во Гевгелија ќе биде со површина од 400 квадратни метри со посебен влез за персоналот. Посебен влез ќе има и за прием, евиденција, преглед, тестирање, можност за рендген, ЕХО-преглед на пациенти и одредување терапија.
Болницата ќе може да прими околу 15 пациенти.