Министерството за внатрешни работи (МВР) вчера казнило 256 возачи во Скопје.
Според податоците, меѓу најбројните казни биле оние за неносење маска. За овој прекршок биле напишани 50 казни.
Меѓу казнетите, голем број се и за непрописно паркирање за што биле изречени 37 глоби, додека 32 возила биле подигнати од пајак.
12 возачи биле фатени пијани, 14 користеле мобилен, а 9 поминале на црвено светло на семафорот.
Акциските сообраќајни контроли, кои траат веќе подолг период, најавуваат од МВР, ќе продолжат и во наредните денови.