
Лист хартија со хаштагот #Титаник, под кој пишува „7 дена“, стоеше на собраниската говорница додека Антонијо Милошоски поставуваше пратеничко прашање.
Одбројувањето до оставката на Заев стана чест дел од реториката на претставниците на ВМРО-ДПМНЕ како што се наближува формирањето на техничката влада. Одбројувањето, но преку статуси на социјалните мрежи, го применуваат и симпатизерите на опозицијата.
Листот на собраниската говорница стоеше кратко бидејќи пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска, го тргна кога излезе да постави прашање по Милошоски.
За седум дена земјава треба да добие нов технички премиер од редовите на СДСМ, но и технички министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика од ВМРО-ДПМНЕ.
Од опозицијата ќе има заменици-министри и во министерствата за информатичко општество, финансии и за земјоделство.