Околу 200 вработени во собраниските служби и 88 пратеници досега ја примиле првата доза од вакцината против ковид-19. Со втората доза од „спутник В“ пратениците ќе треба да се ревакцинираат околу 14 мај, а како што најави на денешниот брифинг со новинарите собранискиот спикер Талат Џафери, тој потоа ќе побара мислење од Комисијата за заразни болести седниците да ги одржуваат во пленарната сала на Собранието.
Вакцинацијата на пратениците почна на 23 април, како дел од приоритетната група вработени во критична инфраструктура.
