Од Основното јавно обвинителство информираат дека причина за крвавиот пир на убиецот кој потоа си го одзел животот се семејни недоразбирања и нерасчистени имотни прашања
63-годишно лице е извршител на грозоморното двојно убиство во прилепската населба Точила што се случи вчера – потврдија од Основното јавно обвинителство. Оттаму велат дека согласно првичните информации, убиецот најпрвин ги убил својот 43-годишен внук од сестра, и неговиот 13-годишен син, по што мотивите за стореното дело ги објавил на социјална мрежа, по што посегнал по својот живот.
Оттаму велат и дека според првичните сознанија, лицето се заканувало и со експлозив и оружје.
„Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место во куќа во центарот на Прилеп каде беа пронајдени безживотните тела на 11-годишно дете и двајца мажи на возраст од 43 и 63 години. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатите, како и за прибирање на сите траги, оружје и муниција пронајдени на лице место кои ќе бидат предмет на вештачење“,
велат од Основното јавно обвинителство.
Претходно, дел од медиумите објавија дека на местото на настанот реагирале и специјалните единици на полицијата.