Таа е обвинета за соучество во организирана кражба и криминален заговор чија цел е извршување кривично дело, а судот нареди нејзино притворање. Жената беше уапсена неделава со уште четири лица од кои две претходно беа обвинети за кражба и криминален заговор

Француските медиуми денес објавија дека 38-годишна жена, чие име не е објавено, е обвинета за кражбата во музејот Лувр во Париз минатиот месец.
Таа е обвинета за соучество во организирана кражба и криминален заговор чија цел е извршување кривично дело, а судот нареди нејзино притворање.
Жената беше уапсена неделава со уште четири лица од кои две претходно беа обвинети за кражба и криминален заговор.
Накит вреден 88 милиони евра беше украден од најпосетуваниот музеј во светот на 19 октомври кога беше објавено дека четворица мажи го извршиле грабежот среде бел ден. Како што јавуваат светските медиуми, двајца наводни крадци, кои беа уапсени претходно, ја признале својата вмешаност.
Осомничените за грабежот во Лувр пристигнаа со украден механички лифт поставен на возило за да пристапат до галеријата Аполо преку балкон во близина на реката Сена. Мажите користеле секач за дискови за да ги отворат витрините во кои се наоѓал накитот.
Обвинителите изјавија дека крадците биле внатре четири минути и избегале со два скутери што чекале надвор во 9:38 часот наутро, пред да се префрлат во автомобили. Накитот не е пронајден.
По инцидентот, безбедносните мерки се засилени околу француските културни институции, а Лувр по грабежот префрли некои од своите најголеми вредни предмети на Банката на Франција.
