Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (27 декември 2021 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Во ова издание донесуваме:
– Три дена по трагедијата во Бугарија, министерот Спасовски ја затворил станицата за технички преглед во Глумово во која е регистриран и автобусот на „Беса транс“. Причина се пропусти откриени уште во август. Зошто се чекало три и пол месеци за реакција;
– На социјалните мрежи секојдневно „врие“ од говор на омраза, но во изминатата деценија има само една правосилна пресуда, и тоа од 2016 година – зошто;
– Сторија од Инфективна клиника за она низ што поминаа во оваа и очекувањата од новата година;
– Зошто на затвореник во Идризово, болен од рак во терминална фаза, не му било дозволено да почине дома;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 22 часот на ТВ Алсат.