Вечерва (11 декември 2020 г.) од 22:00 часот нема да има „360 степени“ на ТВ Алсат поради ограничувањата во Изборниот законик за потенцијални гости (и теми) во време на предизборен молк
Со почетокот на молкот во пресрет на предвремените избори за градоначалник на општините Штип и Пласница в недела, стапија на сила и ограничувања за потенцијални гости во дебатниот формат на емисијата „360 степени“, кој вообичаено се емитува секој петок во 22:00 часот на ТВ Алсат. Поради тоа вечерва (11 декември 2020 г.) нема да има „360 степени“. Следното наше издание, во магазински формат, е в понеделник (14 декември 2020 г.) од 22:00 часот на Алсат.
Ви благодариме за разбирањето и довербата!