Во новото издание на „360 степени“:
– Уште едни избори со хаотичен Избирачки список. Се уште гласачи кои живеат во непостоечки објекти. Дополнително, 200 илјади спорни гласачи се вратени на списокот.
– Дали луѓе што не живеат во Македонија и немаат никаков допир со прашањата од локален интерес треба да гласаат за локалните избори и да одлучуваат кој ќе биде градоначалник и член на општинскиот совет? Различни држави, различни решенија.
– Интервју со британскиот амбасадор Чарлс Гарет.
– Филхармонија е големо градилиште. Кој ќе одговара за предвременото незаконско пуштање во употреба? Во Катастар пишува дека таму има камењар.
– Нова Саботажа.