Новото издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (7 февруари 2022 г.) од 22 часот на ТВ Алсат
Во ова издание:
-Општина Студеничани спровела тендер кој бил поништен, а се делеле и пари за присуство на седници на Советот кои воопшто не се одржале, отрила државната ревизија. Градоначалникот Азем Садику бега од прашања на темата;
-Ја прашавме Данела Арсовска – зошто не го тужи СДСМ за наводите дека има бугарско државјанство и лична карта, како што најавуваше; Законскиот рок од три месеци истече;
-Продолжува предистрагата за случајот „купи евтино – продај поскапо на ЕВН Електрани“: дали претресот во станот на О.Т. е потрага по „мозокот“ на шемата;
-До каде е постапката за суспензија на ДУП-от за ШИК Јелак во Тетово – градоначалникот Билал Касами вели дека и покрај јавниот интерес за брза процедура, ќе внимаваат на законитоста;
-„Саботажа“.
Емисијата се емитува од 22 часот на ТВ Алсат.