Во полуотвореното одделение во Казнено-поправната установа „Идризово“, вчера околу 19 часот се степале двајца затвореници, а едниот од нив бил пренесен во болница.
Како што информираат од МВР, по претходна расправија, 36-годишниот затвореник Р.Е. од Битола физички го нападнал и со остар предмет го повредил затвореникот 27-годишниот Д.П. од Скопје. Повредениот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
