25-годишник загина, а 20-годишник се здоби со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа кај Виница. Како што соопшти МВР, несреќата се случила кога возачот загубил контрола над возилото и излетал од патот.
„Утрово во 02.15 часот било пријавено дека на регионален пат во близина на „Оранжерии“-Виница патничко моторно возило “фиат пунто“ со винички регистарски ознаки, управувано Д.С.(25) од Виница, излетало од патот. Во несреќата на местото на настанот починал возачот, а со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.К.(20) од Виница, констатирани во Клиничката болница во Штип“,
велат од МВР.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Виница.
Вчера во несреќа во селото Саса кај Македонска каменица животот го загуби и малолетник. Откако возачот на тракторот, со кој малолетникот се превезувал, загубил контроал и излетал во река, малолетното лице паднало и било прегазено од тракторот.
Малолетник загина откако бил прегазен од трактор во Саса (360stepeni.mk)
