Со интервенција од Тетовската противпожарна единица, пожарот бил изгаснат, а С. М. е задржан во полициска станица
Полициски службеници од СВР Тетово околу 16 часот го лишиле од слобода С. М. (19) од Скопје, со привремено место на живеење во Тетово. 19-годишникот бил затекнат додека палел кабли, со што предизвикал пожар кај железничкиот надвозник на ул. „Маршал Тито” во Тетово.

Со интервенција од Тетовската противпожарна единица, пожарот бил изгаснат, а С. М. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок, велат од МВР.