Според информациите од Министерството за внатрешни работи 19-годишната била сопатничка во автомобилот кој излетал од регионалниот пат Скопје-Тетово

19-годишна девојка вчера загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Скопје-Тетово, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според извештајот на МВР, вчера околу 16 и 20 часот на патот Скопје-Тетово, возило бмв со скопски регистарски таблички кое било управувано од 22-годишна М.Џ од селото Семениште, општина Сарај излетало од патот и се превртело, при што 19-годишната В.М. од истото село се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Клиничкиот центар во Скопје, каде по еден час им подлегнала на повредите.
„Со телесни повреди се здобиле сопатничките А.М.(21), А.М.(21) и Р.М.(24), сите од село Семениште, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Увид на местото на несреќата извршиле екипа на СВР Скопје и јавен обвинител по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција“,
велат од МВР.