Момче вчера починало додека било на базен во скопски Карпош.
„На 08.07.2023 во 18:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’ бил донесен 15-годишник од Скопско, на кој му се слошило додека бил на базен на подрачјето на Карпош, а по извршените обиди за реанимација му била констатирана смрт без видливи траги на насилство“,
информираат од МВР.
Причините за смртта ќе бидат познати по завршувањето на обдукцијата.