Бројот на смртни случаи од ковид-19 во Италија во изминатото деноноќие е 55, што е намалување во однос на вчерашниот ден кога изнесуваше 60, објави Агенцијата за цивилна заштита.
Но, бројот на новозаразени е 318, што е пораст во однос на вчерашниот ден, кога изнесуваше 178.
Од 318 -те новозаразени, 187 се во северниот регион Ломбардија, кој беше најтешко погоден од епидемијата.
Вкупниот број на смртни случаи во Италија е 33 530, и земјата е на трето место во светот според оваа црна статистика после САД и Велика Британија.
Од утре во Италија ќе биде дозволено движење низ целата земја, поради што некои регионални гувернери се плашат дека луѓето од Ломбардија ќе заразат луѓе во други региони.
Бројот на заразени со коронавирусот досега во оваа земја е вкупно 233 515, со што Италија е на шестото место во светот според „Ворлдометерс“.
Од коронавирусот во Италија се излекувале вкупно 160 092 лица, а досега се тестирани 2,5 милиони луѓе.
*Поврзана вест
Неколку европски земји со поголеми олабавувања на рестрикциите – меѓу нив и Италија