На лицето во чиј дом биле најдени производите одреден му е притвор во траење од 30 дена
Дваесет и четири тегли со марихуана, четири хартиени омоти со марихуана, две стебла од растението канабис, предмети со остатоци од марихуана, две ловечки и една малокалибарска пушка биле пронајдени вчера на две локации во дојранското село Црничани, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Дел од заплената, додаваат од МВР, била најдена во домот на 51-годишниот Г. Ј. од селото Црничани, а останатите недозволени производи биле откриени на местото викано Гатар, во атарот на истото село.
Лицето во чиј дом биле најдени производите било лишено од слобода и задржано во полицикста станица во Гевгелија, а откако бил изведен пред судија на претходна постапка, му била определна мерка притвор во траење од 30 дена.