Според Петрушевски, партијата поседува документи што им се доставени од свиркачи, кои ја откриваат логистичката мрежа зад протестите на синдикатот, тврдејќи дека тие се организирани од истакнати партиски активисти

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција изнесе тврдења дека Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) не дејствува независно, туку е „координиран и управуван“ од опозициската СДСМ.
Според Петрушевски, партијата поседува документи што им се доставени од свиркачи, а кои ја откриваат логистичката мрежа зад протестите на синдикатот, тврдејќи дека тие се организирани од истакнати партиски активисти.
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека целата организација на протестите, вклучително превозот и мобилизацијата на луѓе, е обезбедена од структурите на СДСМ.

Како пример беше посочен Бранко Георгиев, поранешен раководител во ЈПКД „Комуналец“ Струмица. Според Петрушевски, тој е „главниот теренаш“ кој сега ја презел логистиката за ССМ во тој регион.
Партијата смета дека ССМ веќе не постои, туку дека тоа е само „СДС во синдикални маички“.
„Во наредните денови ќе продолжиме со објавување на имињата на сите лица од СДС кои го имаат преземено ССМ“,
најави Петрушевски.
