Осомничениот, на 2 јануари во вечерните часови, го запрел 11-годишното дете и на сила го одвлекол во објект во изградба во близина на неговиот дом во Желино, па започнал пред него да врши други полови дејствија, соопшти Обвинителството
Јавното обвинителство Тетово покрена истражна постапка против 23-годишно лице, осомничено дека извршило полови дејствија врз малолетник од Желино, информираат од Обвинителството. Според пријавата, осомничениот избегал откако пристигнал таткото на детето кое викало за помош.
„Осомничениот, на 2 јануари во вечерните часови, го запрел 11-годишното дете и на сила го одвлекол во објект во изградба во близина на неговиот дом во Желино, па започнал пред него да врши други полови дејствија. Детето повикало за помош, но осомничениот не му дозволувал да замине, сѐ додека повиците не ги слушнал таткото на детето и му се спротивставил, по што осомничениот се дал во бегство“,
се наведува во соопштението од Обвинителството.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судот го прифати предлогот на обвинителството и донесе решение со кое му определи притвор во траење од 30 дена.
