Вангелов е овогодишен добитник на наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката и образованието, а наградата ја прими лично на церемонијата што се одржа во Собранието
Филологот и книжевен теоретичар проф. д-р Атанас Вангелов почина денеска на 75 години, потврди семејството со објави на социјалните мрежи.
Вангелов е овогодишен добитник на наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на науката и образованието, а наградата ја прими лично на церемонијата што се одржа во Собранието.
Вангелов беше професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, а работел и како новинар, преведувач, драмски автор и критичар. Автор е на над 20 книги поезија, проза, драма, критика, студии и книжевна теорија.
Бил претседател на Советот на Струшките вечери на поезијата (СВП) и лектор по македонски јазик и литература во Париз, а од 1967 е член на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ).
Добитник на наградите „Млад борец“, „Браќа Миладиновци“, „Божидар Настев“, „Димитар Митрев“, „Златно перо“, „Григор Прличев.