Во светот досега со ковид-19 се заразиле 6 452 703 лица, од кои 3 067 681 оздравеле, а 382 484 смртни случаи. Во моментов активни се 3 002 538 случаи, покажува податоците од статистичката веб-страница „Ворлдометерс“.
Деновиве една од најпогодените земји во светски рамки е Бразил каде што само вчера беа потврдени 28 936 нови случаи, а како што пренесе „Ројтерс“, во текот вчерашниот ден оваа земја забележа рекордни 1 262 смртни случаи.
Бразилските здравствени власти од почетокот на епидемијата регистрирале вкупно 558 237 случаи од кои 31 309 пациенти починале, а 253 570 оздравеле.
Во светски рамки, единствено пред Бразил по бројот на заразени се САД со 1,8 милион. Бројот на смртни случаи таму изнесува 108 059, а на оздравени 645 974.