„Јас сум реформатор, а не реставратор на истрошени и непродуктивни естаблишменти“, рече Петар Богојески, еден од основачите на граѓанската платформа
Петар Богојески, еден од крилото реформатори во ВМРО-ДПМНЕ вечерва официјално го промовираше Македонски концепт, граѓанска платформа со која ќе настапуваат на изборите.
„Сведоци сме на валкани игри, политички пазар и коалиции на партии кои немаат ништо знаедничко. Ние сме строго одлучни дека единствено може да излеземе пред граѓаните со сродни и јасно определени граѓани кои знаат да препознаат и да се изборат за нормална држава, кои знаат да застанат зад вредности кои 30 години ги нема во нашата држава“,
рече Богојески.
Тој најави дека се подготвени да одат на избори со листи на кои има како што рече врвни професионалци, универзитетски професори, граѓански активисти и граѓани.
Ги повика сите, и поединци и партии да им се приклучат и да застанат зад вредностите зад кои тие се залагаат.
„Нудиме нови лица, нова генерација, кои со посветеност, стручност и издржана идеја, ќе докажеме дека можеме да создадеме економски стабилна држава, идеи и проекти кои ги решаваат проблемите, а не политичка импровизација“, додаде Богојески.
За тоа што неговото име е синоним за реформаторите во ВМРО-ДПМНЕ, Богојески вели дека етикетирањето во зејава е национален спорт, но истакна дека се согласува дека реформатор, но не прифаќа да е реставратор на како што рече, истрошени и непродуктивни естаблишменти.
„Често слушам, ене го бунтовникот, реформаторот и одметникот. Точно, бунтовник, за нормална држава. Реформатор, на заробената држава. Одменик, но од што, од бандитите. Точно е и се гордеам со тие епитети“,
истакна Богојески на промоцијата на платформата.