360 степени сезона 3, емисија 54

Автор: Васко Попетревски | пред 7 месеци | Дебати

Македонија продолжува да лебди во меѓупросторот на приказната за битката за зачувување на државата која е нападната од домашни и надворешни непријатели, и битката за елементарна отчетност и одговорност на политичарите и политиката. Меѓународната заедница тоа го дефинира како опструирање на процесот на формирање Влада и порачува дека оние што стојат зад блокадата ќе одговараат за своите постапки.

Што е она што го тера наводно прозападно ориентираниот лидер на ДУИ, Али Ахмети, да става знак на равенствно меѓу оние што опструираат и оние што се опструирани? Што се крие зад изедначувањето на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во одговорноста за излез од сегашната ситуација.

- Дебата во „360 степени“ со Ана Чупеска Станишковска, доцент на Правен факултет и Љупчо Петковски, истражувач во Центарот за европски стратегии „Евротинк“.

- Претседателот на Синдикатот на македонската дипломатска служба, Сашко Тодоровски ги анализира пораките на американскиот Стејт департмент.

- Емисијата завршува со нова Саботажа.