НАТО со став за азилот на Груевски во Унгарија - јавување од Брисел

Автор: Владимир Мирчески | пред една недела | In depth

Првиот човек на НАТО, Јенс Столтенберг, смета дека бегството на Никола Груевски и статусот на признаен бегалец што му го овозможи земја-членка на Алијансата, се прашања што треба да ги решат Будимпешта и Скопје. Тој го повтори ставот дека пристапниот процес на Македонија ќе премине во напредна фаза штом успешно заврши процесот на уставни измени во земјава.

Во Брисел е Владимир Мирчески, кој освен со генералниот секретар, имаше можност да разговара и со шефот на преговарачкиот тим на НАТО со Македонија и со шефот на македонската дипломатија.