Најава - 360 Степени сезона 5, бр. 27

пред една недела | Најави

Вечерва (3.12.2018 г.) од 22:00 часот во „360 Степени“ на ТВ Алсат:

-НАТО со став за азилот на Груевски во Унгарија: Македонија не е земја за чие владеење на правото сме загрижени - интервју во Брисел со шефот на преговарачкиот тим на НАТО со Македонија, Џејмс Мекки;

-интервју со шефот на дипломатијата Никола Димитров пред министерскиот состанок на НАТО;

-ни Груевски ни Мијалков имаат врска со продадените центри за дијализа (и замрзнатите 11 милиони евра во Монако), тврдат адвокатите на Вера Иванова, но не нудат доказ кој е газда на фирмата од Британските Девствени Острови, каде завршува ланецот на сопствеништво;

-како до интегрирано општество со етнички дезинтегрирано образование - дали е време за похрабри политички одлуки;

-„Саботажа“.