Најава - 360 Степени сезона 5, бр. 25

пред 2 недели | Најави

Вечерва (26.11.2018 г.) од 22:00 часот во „360 Степени“ на ТВ Алсат:

-која е позадината на случајот со 11-те милиони евра во Монако (од продажбата на фирмата „Диамед“), замрзнати на барање на македонското обвинителство - може ли да се поврзе со бегството на Никола Груевски; едно е сигурно - парите во Монако немаат никаква врска причините за притворањето на Сашо Мијалков;

-анализа на употребната вредност на експресно издаденото мислење од Комисијата за заштита од дискриминација (КЗД) дека Груевски бил политички дискриминиран од судијката Добрила Кацарска - мнозинството во КЗД вели дека се било законски, а невладините наведуваат предмети што чекаат во фиока и по година и пол;

-истражување - колку се безбедни детските играчки во Македонија: на пазар во Скопје купивме играчка од листата забранети во ЕУ;

-половина Арачиново на извршител или на суд - фирмата што до лани го собирала сметот бара да и се плати и за ноември и декември 2017 г., а жителите тврдат дека ниту добиле сметки ниту бил собран отпадот;

-„Саботажа“.