Кога државите не сакаат или не можат да расветлат контроверзен случај, тука е Форензичка архитектура

Автор: Никола Здравковиќ | пред 2 недели | In depth

Начинот на кој Никола Груевски избега од Македонија, уште долго ќе биде предмет на интерес на јавноста.

На расчистување на вакви контроверзни настани, кога заинтересираните немаат верба во официјалните верзии, работи мултинационален експертски тим наречен „Форензичка архитектура“ со седиште во Лондон, а со ангажман насекаде во светот. Неодамна беа во Скопје.