Сорос и извештаите на ЕУ и САД за политизирано судство во негово време, сега го спасуваат Груевски

Автор: Александар Димитриевски | пред 2 недели | In depth

Во случајот со бегството на Никола Груевски се уште недостигаат одговори на многу клучни прашања. Тоа е причината што опозицијата во Унгарија се обидува да ги искористи сите механизми што ги има на располагање за да ја натера владата на Виктор Орбан да каже нешто повеќе од досегашните штури соопштенија и изјави.

Сепак, главниот наратив што го форсира партијата на Орбан, Фидес, е дека му помагаат на човек што е гонет од левичарска влада поддржана од Џорџ Сорос, или поедноставено, човек што е под закана на Сорос, кој пак од унгарската власт и провладините медиуми се прикажува како архи-непријател на Орбан.

Извештај од Будимпешта на Александар Димитриевски.