Драганов: Потребно е преоценување на работата на судиите

на 4.2017 | Дебати

Мирослав Драганов од Институтот за човекови права во дебатата на „360 степени“ зборуваше за тоа дали индициите од прислушкуваните телефонски разговори ќе останат неказнети и поделеноста на општеството во однос на ова прашање.

- Општеството е поделено затоа што очигледно ги нема на маса сите аргументи и информации. Да ги има веројатно не би било поделено, или пак има некој личен интерес затскриен, којшто не се согласува со она што значи остварување на правдата за сите. Така што, пред се тука улогата на граѓанскиот сектор треба да се зголеми, да се продолжи со контиуниуран мониторинг и притисок. Очигледно, со сите овие настани од ден на ден се повеќе се зголеуваат, се зголемува аргументацијата дека е потребно едно преоценување на судиите.