Османи: Судиите од Кривичен кои не се согласуваат со одлуките нека поднесат колективна оставка

пред 10 месеци | Дебати

Адвокатот и универзитетски професор Сејфула Османи во дебатата на „360 степени“ зборуваше за 17-те прераспределени судии од Кривичниот суд кои се жалеа до Врховниот суд и добија негативен одговор., за тоа зошто не ја известуваат јавноста за своето несогласување.

- Сега верувам дека нема да ме сфатат погрешно и тие судии, но јас ги охрабрувам да поднесат колективна оставка. Тоа би бил многу сериозен сигнал и аргумент за тоа дека кај нас судството навистина е во криза - рече Османи, нагласувајќи дека со било која друга професија би заработувале повеќе отколку како судии, ако живеат од плата.