Која е Кејт Барнс, номинацијата на Доналд Трамп за нова амбасадорка на САД во Македонија

пред еден месец | Дебати

Која е Кејт Марие Бурнс, номинацијата на Доналд Трамп за нова амбасадорка на САД во Македонија.

Смената на секој американски амбасадор во земјава е под посебна лупа на јавноста поради улогата на САД на глобалната сцена, но и поради влијателноста во политичките процеси во земјава.

Нејзината номинација ќе треба да биде одобрена од Сенатот на САД. Станува збор за кариерна дипломатка, која во Скопје доаѓа од позицијата заменик-амбасадорка на САД во Атина. Претходно била и заменичка-амбасадорка на САД при ОБСЕ во Виена. Служела во американските дипломатски мисии во Шпанија, Боливија, Унгарија, Турција. Го водела и одделот за односи со јавност во мисијата на САД во НАТО. Има диплома и магистратура од престижниот Универзитет Џорџтаун.

Повеќе за Бурнс од разговорот со Владимир Мирчески.