Тевдовски: Политиката на рамни даноци го руши нашето општество и ова не смее да продолжи

пред една недела | In depth

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, во интервју за емисијата „360 Степени“ зборуваше за најавата за воведување прогресивен персонален данок.

- Прагот на праведното оданочување ќе ги опфати тие кои што се во 1% со највисок доход. Според податоците од УЈП, во 2017 година тие заработувале во просек 4.468 месечно, што е за 14,4 пати повеќе од просекот на државата, којшто изнесува 311 евра, и што е многу важно да се каже, дека 70% од нашите граѓани во истата година имале месечни примања пониски од 313 евра. Кога зборуваме за успешните, дали мислите дека Америка ги казнува успешните што има праведно оданочување, и тоа со многу поостри стапки отколку овие што ние ги предлагаме? Дали Германија ги казнува успешните што има многу повисоки стапки на прогресивно оданочување? Апсолутно не. Една од работите што ги слушаме деновиве во јавноста е дека ова ќе создадело младите да се иселуваат. Знаете ли зошто се иселуваат нашите млади луѓе? Бидејќи тука немаат квалитетно образование, квалитетно здравство, немаат адекватни услуги коишто ги добиваат, а зошто е тоа така? Повторно доаѓаме до приходите во Буџетот и како тој се полни, а рамниот данок и оваа политика на ниски буџетски приходи не остави најниски во Европа, да не може државата да направи квалитетно образование, здравство, социјална заштита... Проблемот е сериозен, бидејќи најдоходовните успеваат, или дел од нив, своите деца, знаејќи дека ова го руши системот на општеството, тие своите деца ги запишуваа во приватни градинки, приватни училишта, приватни средни школи... јас со министерстка плата не можам да си дозволам моите деца да ги праќам во приватни школи, со плата којашто е многу висока, а може да замислите што е со останатите луѓе. Светска банка, ПИСА, покажуваат дека образованиот систем во Македонија е меѓу најлошите. Тоа значи дека во нашиот систем не се создаваат добри вештини и знаења. Од нивните знаења и вештини зависи каков живот ќе имаат во иднина. Ова не смее да продолжи понатаму, бидејќи оваа политика на рамни даноци го руши нашето општество. Ова што ние го предлагаме не е никаква новина, постои во Америка, доминира во ЕУ, и морам да кажам дека праведни даноци, прогресивни, постоеле и во Македонија - рече Тевдовски.

Целото интервју погледнете го од видеото.