Арифи: Според Стразбур, нема проблем да се користат докази од незаконски прислушкувани разговори

пред 10 месеци | Дебати

Универзитетската професорка Беса Арифи во дебатата на „360 степени“ зборуваше за прашањето за отфрлање на прислушкуваните разговори како докази пред суд, кое се обидува да го наметне како тема, новоизбраниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски.

- Законот за кривична постапка, Член 12 е определен на тој начин, не е важно како се создадени доказите туку важно е како се прибавени. Ако истите се прибавени на законски начин, тогаш тие можат да се користат во кривичната постапка - рече Арифи.

Таа спомена неколку пресуди од Европскиот суд за човекови права што се однесуваат на оваа тематика.

- Се работи за истата ситуација, каде прислушкувани разговори на незаконски начин се користени како докази во еден судски кривичен процес и Судот во Стразбур нашол дека тие сами не ја прават пресудата да биде неправедна и некоректна кон обвинетиот затоа што Европскиот суд вели ако овие докази обвинетиот имал можност да ги оспори во судскиот процес, ако судот ја зел предвид природата на правото што е прекршено со овие докази што е приватно право, не е право за да се браниш од тортура или некои друго право и третото, финалната пресуда не е базирана само врз овој доказ, туку има и други докази, тогаш нема никаков проблем тие докази да се користат во судскиот процес - рече Арифи.