Чии се Самоил, Кирил и Методиј, Гоце Делчев - експертската комисија пред тешка задача

Автор: Петар Клинчарски | пред една недела | In depth

Чиј херој е Гоце Делчев – македонски или бугарски? Чија била самоиловата држава – македонска или бугарска? Чии просветители се Кирил и Методиј – македонски или бугарски?

Ова се дел од прашањата со кои веќе се соочи или допрва ќе се соочи заедничката македонско-бугарска експертска комисија формирана врз основа на договорот за добрососедство, која досега одржа два состанока.