360 Степени сезона 5, бр. 17

Автор: Васко Попетревски | пред една недела | In depth

Во новото издание на „360 Степени“ на ТВ Алсат (29.10.2018 г.):

-иницијативата на Села и Касами за уставни измени за унапредување на статусот на Албанците тропа на заклучена врата - и политички и правно;

-предлог-законот за амнестија за 27 април, поднесен од ВМРО-ДПМНЕ, експресно одбиен од премиерот Заев - има ли ниво на амнестија што може да биде општествено прифатливо;

-македонско-бугарската експертска комисија пред тешка задача да ги надмине разликите во учебниците по историја - чии се Самоил, Кирил и Методиј, Гоце Делчев...;

-дали влезот во ЕУ значи и крај за производството на домашна ракија - репортажа за искуството на Бугарија;

-„Саботажа“.